Условна за напаѓачот на Милевски: Не сакам пари - секој има право на втора шанса
Обвинетиот за напад врз пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски, денеска ја признал вината по што судот му одредил условна казна.
Лидерот на ЛДП за „Макфакс“ изјави дека е задоволен од пресудата.
„Секој има право на втора шанса, но треба да се знае дека насилството не е метод за решавање на проблемите“, рече Милевски кој не побарал парична отштета.
Горан Милевски пред неколку недели беше нападнат додека се движел на плоштадот Македонија во Скопје. Осудениот му пришол и без никаков повод му удрил неколку тупаници во предлот на главата. Нападот дојде во време на тензична атммосфера во која пред домовите на пратениците од мнозинството се одржуваа протести.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа