Директорка на училиште во Прилеп добила казна за неплатен данок, па ја платила со пари од училиштето

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 31-годишната М.Г.П. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2017 година, пријавената како директор на ООУ „Манчу Матак“ во Кривогаштани, не ја доставила завршната сметка до регионалната дирекција за јавни приходи во законски предвидениот рок, по што била поднесена прекршочна пријава за неплатен персонален данок против одговорното лице во ООУ „Манчу Матак“ - Кривогаштани. По ова, пријавената, за да изврши уплата на половина од сумата  наведена како казна во прекршочната пријава, подигнала  18.000 денари од трезорот  на училиштето, за што не постои благајнички извештај. 

 

 

 

16.04.2018 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега