Седум тепачки за само еден ден во Скопје - жртви се и малолетни деца

 

Кога ќе го отворите дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи ќе видите дека само во текот на вчрашниот ден се случиле седум тепачки во главниот град на Македонија.

Во текот на вчерашниот ден било  пријавено дека околу 18:00 часот на бул. „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две групи. Со брза интервенција на полициски службеници двете групи биле разделени. Во врска со настанот во полициска станица биле приведени лицата А.А. (19), Ќ.И. (22), Ј.О. (21) и Е.З. (17), сите од Скопје.

Вчера вечер, 10 минути по полноќ, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.  „Христо Татарчев“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 46-годишната Б.Ј.Т. и 22-годишната К.Г.. Тие имале несогласување околу секојдневното работење во угостителскиот објект и почнале да се влечат за коса и меѓусебно да се буткаат, при што К.Г. се здобила со видливи повреди.

Уште еден од инцидентите бил пријавен вчера во 19.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје. 58-годишниот С.С.од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19.00 часот во угостителски објект на ул. „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од страна на 52-годишниот S.М. Тој го удирал со тупаница во пределот на вратот од што  се здобил  со видливи повреди.

Во текот на вчерашниот ден во 14:00 часот било пријавено дека во нива во село Усје, скопско, С.С.(47) од село Усје, го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лицето Л.С.(59) од истото село. Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг, а алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С.. Таа (С.С.) ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удира Л.С. во пределот на главата по што и нанела видлива повреда. После тоа,  ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави.

Уште еден инцидент вчера се случил на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од непознат сторител, кој го удирал со рака во пределот на телото.

Во две одделни пријави кои стигнале до МВР вчера, жртви на напади се и малолетни деца.

Првиот инцидент случил во скопското село Долно Количани. Во СВР Скопје околу 16:00 часот било пријавено дека во с.Долно Количани Е.Т.(27) физички нападнал две лица на возраст од 16 години. Тој ги удирал со  раце во пределот на лицето и  главата, при што им нанел видливи повреди.

Вториот инцидент пак се случил во центарот на Скопје. 49-годишната П.Ќ. од Скопје пријавила дека истиот ден во 16.10 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември” во Скопје нејзиниот 16 годишен син бил физички нападнат од непознат сторител. Тој го удрил со рака во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди.

 

 

 

16.04.2018 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега