Драма во Македонија: Го оставил тригодишното дете во автомобил - возилото целосно изгоре
Вистинска драма се одвивала во 18 часот кога било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ на паркинг избувнал пожар во патничко моторно возило „Ауди А-3“ со тетовски регистерски таблици.
Во возилото на 42-годишниот А.Н. од селото Ларце-Желино, кое го паркирал и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, останало неговото тригодишно дете.
Во еден момент, од возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. Пожарот за кратко се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово. Причинета била материјална штета од околу 240.000 денари.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа