Трагедија во Македонија: Летнал со возилото во провалија, починал на лице место
Трагедија во 13 часот се случила во Македонија, на автопатот од Скопје кон Велес, веднаш по првиот тунел.
Полицијата информира дека 69-годишниот Н.Т. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото кое излетало од патот и паднало во провалија.
Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал тој, а со телесни повреди се здобил сопатникот, 66-годишниот М.Н. од Скопје кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница„Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа