Драма во Охрид: Влегол и насилно си ги земал децата кои од социјално биле дадени кај згрижувач
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишниот Р.Б од Охрид за сторено кривично дело „одземање малолетник“.
На 05.04.2018 година во Охрид на улица “Александар Туринџиев” пријавениот во домот на лице, кај која со решение од Центaр за социјални работи Охрид се згрижени три лица на возраст 9, 11 и 12 години на кои пријавениот им е родител, по упатени закани кон лицето-згрижувател, насилно ги одзел децата.
23.04.2018 - 14:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа