Верижен судар на македонските патишта: Девојка итно префрлена на Клиника
Вчера во попладневните часови, поточно околу 13 :30 часот на регионалниот пат Пробиштип-Крупиште, кај место викано „Лезовски Кантон“, дошло до судир помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот З.А. од Скопје, товарно возило „Мерцедес Спринтер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот З.Т. од Кочани и мотоцикл „Трува“, управуван од 27-годишниот И.А. од село Горобинци, светиниколско.
Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот И.А., кој по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување , додека сопатничката на мотоциклот 27-годишната С.И. од Пробиштип поради сериозноста на повредите била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Пробиштип. Во периодот од 14.05 до 15.45 часот, додека траел увидот, сообраќајот бил во прекин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа