Тетово: Со секири и железни шипки решавале недоразбирање од минатото

 

Вчера во 15 часот, М.И. од Тетово, вработен во перална на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, пријавил дека истиот ден околу 13:30 часот, додека бил пред пералната со неговиот братучед М.И., со патничко возило поминал 51-годишниот Ц.Д. од село Желино, тетовско, со кого од порано имале недоразбирања. 

Ц.Д. од возилото упатил пцовки кон М.И, по што излегол и со железна шипка го нападнал М.И.  удирајќи го во пределот на левата страна на главата. Во физичката пресмета се вклучил и братучедот на М.И. кој со секира го удрил Ц.Д. неколку пати во пределот на главата и телото. Тие биле разделени од случајни минувачи, по што Ц.Д.  со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Тетово и бил задржан за опсервација. Кај братучедите М.И. и М.И. имало забележливи повреди на лицата и рацете.

Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

24.04.2018 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега