Среде бел ден претепани двајца градежни работници кај Матка
Вчера во 14 часот и 30 минути во село Долна Матка, скопско, во близина на автобуска постојка кај ХЕЦ „Матка“ каде што се вршеле градежни работи, работниците 24- годишниот И.М и 33- годишниот Ш.Н, двајцата од село Цветово, скопско, биле физички нападнати.
Две непознати лица кои биле со патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки. И.М. и Ш.Н. им кажале на лицата во возилото да почекаат малку да завршат со работа па да поминат со возилото, но тие излегле од возилото и физички ги нападнале. Повредените работници биле префрлени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Кај И.М. биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, а Ш.Н. бил задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа