Целосно изгоре автомобил во Куманово, а во Скопје две камп приколки
Рано утринава беше целосно опожарено возило во Куманово, а во Скопје пак две камп приколки е еден помошен објект.
Утринава е околу 02часот и 30 минути било пријавено дека на улица „Моша Пијаде“ во Куманово било опожарено патничко возило „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на С.К. од Куманово со стан на истата улица. Од пожарот возилото целосно изгорело.
Исто така, денес околу 09.00 часот било пријавено дека на езерото Треска во Скопје биле опожарени две камп приколки и еден помошен објект.
Сопственик на едната приколка е 44- годишниот С.З од Скопје, а на другата се уште не се знае сопственикот.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како и за висината на материјалната штета и за двата случаеви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа