Тешка кражба во автомат-клуб во Куманово - ја знаел шифрата, па собрал се од сефот
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 27-годишниот Ф.И. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 22.01.2018 година околу 17.00 часот во автомат-клуб на улица „Наум Наумовски Борче” во Скопје“ пријавениот, кој претходно бил вработен како обезбедување во клубот, преку задната врата влегол внатре. Потоа, со шифра со која ја знаел од времето кога бил вработен, ја отворил вратата од просторијата во која се чувале пари за дневна игра, и од сефот одзел околу 813.182 денари, по што побегнал од местото.
24.04.2018 - 14:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа