Три улични кучиња искасале девојка од Скопје
Уличните кучиња не престануваат да напаѓаат, а само вчера се евидентирани две каснувања во главниот град.
Вчера во 13 часот во Полициската станица Центар, 59-годишниот Ј.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12:10 часот, додека се движел на улицата „Кеј 13-ти Ноември“, од страна на куче-скитник бил каснат за левата нога.
Истиот ден, вечерта околу 20 часот во Полициската станица Центар, 20-годишната М.Ј. од Скопје пријавила дека околу 18 часот на улицата „Стале Попов“ била нападната од три кучиња-скитници, од кои едното ја гризнало во пределот на десната надколеница.
24.04.2018 - 14:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа