Куманово: Брутално го претепале, па со дрвена палка му ги искршиле прозорите на возилото

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Е. (22), А.А. (19) и М.Д. (21), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.10.2017 година околу 03.30 часот на ул. „Илинденска“ во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавените со уште едно непознато лице, физички го нападнале Л.Ф. од Куманово, при што му нанеле телесна повреда, а потоа со дрвена палка ги скршиле стаклата од возилото на оштетениот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (20), К.С. (20), двајцата од Агино Село, кумановско и против В.М. (21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. 

На 25.03.2018 година околу 03.45 часот на ул. „Борис Кидрич” во Куманово пријавените физички го нападнале Д.Б. од Куманово, при што му нанеле видливи телесни повреди. 

 

 

 

 

24.04.2018 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега