Тензична ситуација во Струга - искршен штабот на Алијанса за Албанците

 

На бандитски начин по наредба на Рамиз Мерко, денеска околу 10:30 часот искршен е ѕидот кој го дели објектот на општината и штабот Алијансата за Албанците, обвинуваат од партијата на Зијадин Села.

-Овој начин на дејствување на Рамиз Мерко е познат од порано, бидејќи овој човек е експерт за узурпација на имоти и дивоградби. Им укажуваме на Рамиз Мерко дека проблемите што ги има со македонските партнери не може да ги дефокусира и да се одмаздува кај Албанците. Ние ќе ги следиме сите правни начини за одбрана на штабот и членството на Алијансата. Плановите на Мерко и фамилијата не може да бидат на грбот на Алијансата и нејзините членови, реагираат од АА-Струга.

-Се случи тоа што гледате. Една структура на криминален начин влезе во просториите. Ова е не прв пат,ова е втор пат. Првиот пат беше кога истите структури раководеа со општината. Но, тогаш со судска процедура и со времена мерка го добивме спорот и ние сме корисници на овие простории. Сега повторно се обидуваат без никакво предупредување влегуваат во просториите. Ова нема да заврши тука, туку ќе се видиме на суд - рече Сурија Рушити- пратеник на Алијанса на албанците од Струга.

 

 

 

 

24.04.2018 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега