Полицијата упадна во Визбегово: Приведен млад скопјанец
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 20-годишниот Б.Р. за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 23. минатиот месец врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории на Б.Р. во селото Визбегово. При претресот биле пронајдени четири пакувања со растителна материја и една вага со остатоци од растителна материја.
Пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а скопјанецот бил лишен од слобода, задржан во Полициската станица Гази Баба и со него бил извршен службен разговор.
Од вештачењето било утврдено дека раститената материја претставува наркотична дрога марихуана со маса од околу 1,9 килограми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа