Му фрлиле нож додека возел на еден од најпрометните булевари во Скопје
Околу 17 часот и 45 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ непознато лице фрлило со нож кон патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблци.
Полицијата информира дека возилото било во движење, а со него управувал 23-годишниот А.М. кој бил со двајца сопатници М.И. (23) и Б.Н.(22).
Оштетена била задната шофершајбна на возилото а повредени лица нема.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
25.04.2018 - 10:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа