Македонец во 4 града лепел плакати со навреди за девојка - и правел и Фејсбук профили
Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против 39-годишниот Д.П. oд Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Во Валандово, Струмица, Гевгелија и Богданци, пријавениот поставил плакати со навредлива содржина, на кои биле наведени личните податоци на М.У. и нејзината сестра С.Ф.
Исто така пријавениот на социјалната мрежа “Фејсбук”, креирал повеќе лажни профили и електронски адреси на име на М.У.
25.04.2018 - 14:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа