Директор на Основно школо ги ставил во џеб парите за списанија на децата

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот М.К. од Струга, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот во својство на директор на ОУ „Страшо Пинџур“ - Вевчани спротивно на законските прописи и договорот склучен со „Просветно дело“ АД Скопје во период од 01.02. до 10.06.2016 година побарал од одделенските наставници да му ги предадат паричните средства собрани од учениците за списанија кои не ги уплатил на жиро сметка на издавачот со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 24.920 денари.

 

 

 

25.04.2018 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега