Момче брутално нападнато кај Езерото Треска
Во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Рекреативниот центар „Езеро Треска“, 23-годишниот Б.С. од Сарај, скопско, бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица.
Додека Б.С. се шетал околу езерото Треска, лицата го нападнале и со тврд предмет го удирале во пределот на главата, од што паднал на земја, а напаѓачите продолжиле да го удираат со боксови по телото. После тоа, сторителите побегнале во непознат правец.
Б.С. бил забележан од случаен минувач кој со возило го однел во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди и му била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа