Драма во Македонија: Среде бел ден пробале да киднапираат дете пред таткото
Во Полициското одделение Групчин, се јавил 39-годишниот З.И. од Палатица пријавил дека истиот ден околу 07.45 часот, додека заедно со неговиот 14-годишен син со патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки се движеле кон училиштето во селото Палатица, во еден момент патот му го попречило патничко возило возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
Од возилото излегле четири непознати лица кои се обиделе насилно да го внесат неговиот син во нивното возило.
Во тој момент излегла нивна соседка држејќи вила во раката, по што лицата побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа