Оглас: Вработете се во Собранието за 24.000 денари плата
АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 135/2013
за вработување на 5 државни службеници во Собрание на Република Македонија за следните работни места
Соработник за административна поддршка(1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - од областа на општествените науки или хуманистичките науки-насока преведување и толкување
- најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
- вештини за писмено изразување
- солидно познавање на писмен и устен службен јазик, покрај македонскиот на кој зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија
- основни познавања за работа со компјутер
- силни меѓучовечки вештини
- способност да работи со луѓе со различни ставови
- обврзаност кон правичноста и транспарентноста
- лојалност кон организациските цели
- подготвеност за учење
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08,30ч-16,30ч) основна плата: 21.639 ден
- При изборот предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат и следните посебни услови за вршење на работата: завршен VII//2 степен на образование или еквивалент според Европскиот кредит трансфер систем во областа на превод/толкување Филолошки факултет; искуство во работа со преводи/толкување; искуство од работа со избрани, именувани лица или официјални претставници; солидно познавање на писмен и устен англиски и/или француски јазик; познавање на други јазици на ЕУ и обврзаност кон грижата за корисниците на услуги
2.Советник - истражувач и аналитичар од областа на земјоделските науки и храна(1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - од областа на земјоделските науки и храна
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- искуство во спроведување на истражувања
- аналитички вештини
- солидно познавање на писмен и устен англиски и/или француски јазик
- основни познавања за работа со компјутер
- способност да работи со луѓе со различни ставови
- обврзаност кон правичноста и транспарентноста
- лојалност кон организациските цели
- подготвеност за учење
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08,30ч-16,30ч) основна плата: 24.065 ден
- При изборот предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат и следните посебни услови за вршење на работата: завршен VII//2 степен на образование или еквивалент според Европскиот кредит трансфер систем во областа на земјоделските науки и храна; искуство од работа со избрани, именувани лица или официјални претставници; вештини за говорење во јавноста и писмено изразување; искуство во пишување извештаи (информативни материјали; познавање на службен јазик, освен македонскиот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија; познавање на други јазици на ЕУ; силни интерперсонални вештини и обврзаност кон грижата за корисниците на услуги
3.Советник за ИКТ во областа за едукацијата и комуникацијата(1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - од областа на ИКТ
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- одлично познавање на писмен и устен англиски јазик
- одлични вештини за говорење во јавноста и писмено изразување
- способност за работа со луѓе со различни ставови
- силни меѓучовечки вештини
- обврзаност кон правичноста и транспарентноста
- лојалност кон организациските цели и
- подготвеност за учење
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08,30ч-16,30ч) основна плата: 24,065 ден
- При изборот предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат и следните посебни услови за вршење на работата: завршен VII//2 степен на образование или еквивалент според Европскиот кредит трансфер систем во ИКТ; работно искуство во областа на ИКТ во образованието; познавање на други јазици на ЕУ; аналитички вештини; искуство во работа со избрани, именувани лица или официјални претставници; познавање на службен јазик, освен македонскиот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и обврзаност кон грижата за корисниците на услуги
4.Советник за правно-политичка едукација(1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - од областа на правото или политичките науки
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- солидно познавање на писмен и устен англиски и/или француски јазик
- одлични вештини за говорење во јавноста и писмено изразување
- аналитички вештини
- основни познавања за работа со компјутер
- способност да работи со луѓе со различни ставови
- силни меѓучовечки вештини
- обврзаност кон правичноста и транспарентноста
- лојалност кон организациските цели
- подготвеност за учење
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08,30ч-16,30ч) основна плата: 24,065 ден
- При изборот предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат и следните посебни услови за вршење на работата: завршен VII//2 степен на образование или еквивалент според Европскиот кредит трансфер систем во правото или политичките науки; работно искуство во областа на уставното право и политичкиот систем на Република Македонија; работно искуство во образованието (образование за возрасни лица и/или средно образование); искуство во работа со избрани, именувани лица или официјални претставници; познавање на службен јазик, освен македонскиот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија; познавање на други јазици на ЕУ и обврзаност кон грижата за корисниците на услуги;
5.Соработник за административна поддршка(1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - од областа на општествените науки или хуманистичките науки-насока преведување и толкување
- умешност за превод и толкување
- најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
- вештини за писмено изразување
- солидно познавање на писмен и устен службен јазик, покрај македонскиот на кој зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија
- основни познавања за работа со компјутер
- способност за работа со луѓе со различни ставови
- силни меѓучовечки вештини
- обврзаност кон правичноста и транспарентноста
- лојалност кон организациските цели
- подготвеност за учење
- Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (08,30ч-16,30ч) основна плата: 21.639 ден
- При изборот предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат и следните посебни услови за вршење на работата: -завршен VII/2 степен на образование или еквивалент според Европскиот кредит трансфер систем во Група за преведување и толкување Филолошки факултет; искуство како преведувач/толкувач; искуство во работа со избрани,именувани лица и/или официјални претставници; познавање на пишан и говорен англиски и/или француски јазик; познавање на други јазици на ЕУ и обврзаност кон грижата за корисниците на услуги
Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Собрание на Република Македонија заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.
Рокот за доставување на пријавите изнесува (10) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на државен службеник (со назнака за оглас број 135/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.
Условите предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Собранието на Република Македонија во делот „При изборот предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат и следниве посебни услови за вршење на работата:“, ќе се земат предвид при спроведувањето на интервјуто, поради што со овие услови кандидатите не треба да аплицираат. Кандидатот овие услови во Пријавата може да ги наведе во делот кој се однесува на „Други податоци од интерес за работното место“, во кој кандидатите впишуваат други положени испити; добиени сертификати или дипломи; повисок степен на образование и слично од интерес за работното место.
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.