Директен судар меѓу две возила во Штип - маж итно однесен во болница
Вчера утрината околу 10:15 часот на магистралниот пат Велес-Кочани, на влезот во Штип, односно кај приклучокот од улицата „Брегалничка“, во близина на Царинскиот терминал „Балекс“-Штип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Октавија“ со бугарски национални ознаки управувано од 53-годишниот В.Д.Ч. од Благоевград-Р.Бугарија и патничко моторно возило „Опел Астра“ со штипски регистерски таблици управувано од 37-годишниот Н.Л. од Штип.
По незгодата Н.Л бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана тешка телесна повреда по што бил испратен на понатамошно лекување во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа