Струга: Ја истепал среде чаршија бидејќи му должела пари, а потоа ја ограбил
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 66-годишниот А.М. од село Заграчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
На 02.05.2018 година во Струга на улицата „Маршал Тито“ во градската чаршија, пријавениот по упатени закани во врска со паричен долг, физички ја нападнал 40-годишната Ѓ.П.Н. од село Ново Село-Струмица, при што и го одзел паричникот и мобилниот телефон.
07.05.2018 - 14:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа