Четири лица загинаа вчера кај Крушје – сопружници од Битола и од могилско Трновци
Два брачни пара, едниот од Битола, а другиот од село Трновци загинаа синоќа во сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен кај местото викано “Рибник“ во близина на селото Крушје, пишува Сител.
Сообраќајката се случила помеѓу „Мерцедес“ и „Ауди“ со битолски регистерски таблици и охридско „БМВ“. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале сопружниците од Битола, возачот на „Мерцедесот“ и неговата сопатничка, како и двајцата сопатници во патничкото возило “Ауди“, сопружници од село Трновци. Возачот на “Аудито“ 34-годишната С.Н била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
„До несреќата дошло кога патничкото моторно возило „Мерцедес“ губи контрола над возилото, излетува во левата коловозна лента, и удира директно во патничкото моторно возило „Ауди“. На лице место починати се четири лица, две од Битола, две од село Трновци, Могила. Извршен е увид од увидна екипа на Полициска станица Ресен и јавен обвинител на лице место“, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Телата на починатите биле пренесени во Клиничката Болница во Битола за обдукција, а се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа