Пукање во Скопје - маж со прострелни рани итно однесен во болница

 

Вчера утрината околу 10 часот од лекар од амбуланта Сарај било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 55-годишниот Ј.И. од село Грчец со две прострелни рани на левото стапало. 

Истиот ден околу 09:40 часот пред мостот во село Грчец лице од село Раовиќ, скопско, со огнено оружје испукал неколку пати кон Ј.И., по што побегнал во непознат правец. На местото на настанот биле пронајдени две чаури и траги од крв. 

Со возило на Итна медицинска помош, Ј.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил задржан на лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

 

08.05.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега