Апсење на граничниот премин „Табановце“

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 47-годишниот С.Г. од Србија со живеалиште во село Марвинци, Валандовско, и 51-годишниот М.Ј. македонски државјанин со живеалиште во Виена, Австрија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”.

На 4-ти овој месец, околу 03:30 часот на излез од Македонија кај С.Г. се пронајдени 20 антички монети, едно античко копче, додека, пак, при извршен претрес врз возило „Волво С80“ со австриски регистарски таблици сопственост на М.Ј. пронајдени се 47 римски пари, и други археолошки артефакти (еден прстен, една нараквица и археолошки предмет од глина, десет археолошки монети – артефакти,  метален етнолошки рулет и една хартиена паковка со девет археолошки монети артефакти, три метални броша, две парчиња археолошки предмети - дел од вага и две парчиња македонски археолошки монети артефакти.

Пријавените се приведени, а по направениот увид од страна на стручни лица од Музејот во Куманово и двајца археолози констатирано е дека предметите се културно наследство или природни реткости со непроценета вредност.

Со претходно обезбедена судска наредба од страна на полициските службеници при СВР Струмица е извршен претрес во домот и  помошни простории на С.Г. при што се пронајдени и околу два килограма непозната растителна материја и неколку стари монети и други предмети. Дополнително, по консултација со ОЈО Куманово одлучено е одземените предмети да бидат сместени во просториите на СВР Куманово се до издавање наредба од Национална установа Археолошки музеј на Македонија – Скопје кој ќе изврши процена на оригиналноста на уметничките предмети.

 

 

 

08.05.2018 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега