Ограбени куќи и продавници во Кичево - не бирал каде влегува и собирал што ќе стигнел
Поради постоење основи на сомнение за сторени седум казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Л. 52 годишен од Кичево.
Казнените дела осомничениот ги сторил во текот на март и април годинава со користење подесен алат, но и физичка сила, при што отворал влезни врати и приземни прозори од куќи, колонијални продавници, месара, сендвичара, печатница и бутик, лоцирани во Кичево. По влегувањето, пријавениот вршел пребарување и одземал пари, цигари, колонијални и други производи.
Со извршување на казнените дела пријавениот предизвикал материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од околу 15.000,оо денари информираат од СВР - Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа