Велешанец уапсен во близина на наплатната рампа во Петровец
Против 49- годишниот Л.М од Велес ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 8 мај годинава полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија, во близина на наплатната станица Петровец сопреле патничко возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од Л.М. При преглед, кај Л.М. било пронајдено полиетиленско пакување со 101,35 грама хероин.
Л.М. е лишен од слобода и со него е извршен разговор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа