Трагедија во Македонија: Изгубил контрола над возилото и починал на лице место
Вчера околу 17:15 часот на локалниот пат од село Турново кон село Бориево, струмичко, 41-годишниот А.С. од село Турново, управувајќи трактор „Фергусон Масеј“, изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.
Полицијата мерки за расчистување на случајот.
12.05.2018 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа