Скопјанка мета на закани: „Дај ми 2.000 евра или ќе ти го земам детето“

 

Во Полициската станица Карпош, вчера 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало. 

Откако на 30.04.2018 година ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и го одзел старателството врз нејзиното дете, на кое тој не бил родител. Тој и се заканил и дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, а од неговиот фејсбук профил испратил фотографија и порака со компромитирачка фотографија на нејзината сестра, како и на две нејзини пријателки. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

12.05.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега