Полицијата изврши контрола на кафеана во Гостивар - уапсени три лица

 

Синоќа во периодот од 23:30 до 00.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул. „ЈНА“ во Гостивар, сопственост на Е.А. од с.Лакавица. 

Како што информираат од МВР во објектот биле затекнати две државјанки на Република Србија и една државјанка на Република Македонија. Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гостивар поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија, посредување во проституција и  трговија со луѓе. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

12.05.2018 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега