Директен судар на автопатот Скопје-Велес: Пет лица повредени меѓу кои и 9-годишно дете

 

На автопат Скопје - Велес, вчера во 11:50 часот после патарина Петровец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки управувано од 62-годишниот Љ.К. од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од 53-годишниот З.Т. од Гевгелија.

Како што информираат од МВР при незгодата со телесни повреди се здобиле Љ.К. и сопатниците од возилото „Југо“, Г.К.(32), С.К.(54) и 9 годишно дете, сите  Скопје кои се пренесeни во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје, од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, додека сопатничката од истото возило Б.К. (36) се здобила со тешки телесно повреди.

 

 

 

 

13.05.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега