Речиси 100.000 денари украдени од пошта во тетовско

 

Ноќта на 11/12.05 2018 година во времето од 16:30  до 07:00 часот извршена е кражба во поштата во село Шемшево, тетовско. 

Како што информираат од полиција, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба на сила ја отстранил металната решетка од прозорецот, влегол внатре и од касата одзел 98.840 денари по што го напуштил местото на настанот. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

 

13.05.2018 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега