Скопјанка претепана од сопругот со тешки повреди заврши во болница
Во Полициска станица „Кисела Вода" 63-годишната Г.Ц. од Скопје,вчера во 14:30 часот пријавила дека околу 09:30 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ц.
Како што информираат од полицијата на повредената и е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски" каде и била констатирана тешка телесна повреда.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
13.05.2018 - 12:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа