Малолетник ограбувал цркви - македонската полиција го фати
Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ги расчисти шестте тешки кражби, кои во текот на овој месец беа извршени во православни цркви во Тетово, Копанце, Радиовце и Подбреѓе.
Сторители на овие дела се Џ.М. (22) од Тетово и 17-годишник од село Озормиште, тетовско. Тие во разговор во полициска станица ги признале делата. По целосно документирање на случаите против нив ќе виде поднесен соодветен поднесок.
Тие ги извршиле кражбите со насилно отворање на влезните врати или со кршење на прозорците, по што од каси, и од маси за продажба на свеќи или од икони одзеле парични средства во вкупен износ од над 6.000 денари, а причиниле и поголема материјлна штета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа