Кавадарци: Се шетала со другар, бившиот ги видел и направил хаос
Кавадарчанец денеска ја нападнал својата поранешна девојка и физички се пресметал со другарот кој ја придружувал во центарот на градот.
- Девојката со другарка и и нејзиниот сопруг се паркирале во централното градско подрачје. Во тој момент дошол оставениот дечко и почнал да ја тегне поранешната девојка. Другарот дошол на помош, па двајцата мажи размениле по некој бокс, раскажаа очевидци.
Сите се приведени во полиција и се работи на расветлување на случајот. Настанот го потврди Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција.
14.05.2018 - 13:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа