Бремена жена заврши во болница откако соседот ја нападнал во гостиварско

 

38-годишната М.И. од селото Сенокосе, вчера пријавила дека околу 17:30 часот физички била нападната од 69-годинишен маж  М.И. од истото село

На улицата пред нивните куќи се расправале малолетни лица, а жената која била бремена излегла за да види што се случува. Тогаш соседот без повод и причина се доближил до неа и физички ја нападнал удирајќи и две шлаканици.

Таа била во поодмината бременост и многу се вознемирила, па со медицинско возило била пренесена во гостиварската биолница „Ферид Мурат“ каде била укажана лекарска помош.

Пријавениот е повикан во полиција, писмено е предупреден и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

 

 

14.05.2018 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега