Страшна несреќа во Македонија: Излетале од пат, итно во болница
Во 13.00 часот на автопатот Градско-Прилеп, мотоцикл „Сузуки“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот П.Г. од Република Бугарија, кој бил со 33-годишниот сопатник М.Т.изгубил контрола и излетал од патот.
После тоа, возачот и сопатникот со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница Прилеп. Кај П.Г. биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека кај М.Т. биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа.
15.05.2018 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа