Македонец платил 300 евра за работа во Германија - останал и без пари и без работа

 

Кавадарчанец пријавил измама, платил околу 300 евра за да му обезбедат работа во Германија, а работа не добил. Оваа информација за МИА ја потврди Димитар Каракулев, инспектор за превенција при кавадаречката полиција.

- На 14.05.2018 година во Полициска станица Кавадарци, Ф.Н.(54) од Кавадарци пријавил дека бил измамен од лице од Неготино. Пријавителот по даден оглас за вработување на Интернет, стапил во контакт со измамникот кој се преставил дека е менаџер во агенција која посредува за вработување во странство. Со тоа го довел во заблуда Ф.Н. кој во неколку наврати на жиро сметка му исплатил 18,530 денари. При уплакање на следната рата од Ф.Н. во банка во Скопје, од страна на шалтерскиот работник му било сигнализирано дека лицето на која што жиро сметка ги уплаќа парите е познат измамник, појаснува Каракулев.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

15.05.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега