Немирна ноќ во Илинден: Направиле драма во сендвичара, реагирала полицијата, еден повреден
Во два часот по полноќ при вршење на службени дејствија по претходно нарушен јавен ред и мир во сендвичара во населба Илинден, двајца полициски службеници биле физички нападнати од страна на 18-годишниот К.К. и 21-годишниот М.М. двајцата од населба Илинден.
Лицата се приведени во Полициска станица Гази Баба. Заради укажување на лекарска помош М.М. е пренесен во комплекс клиники "Мајка Тереза".
Се превземаат мерки за расчистување на настанот. За настанот е известена внатрешна контрола.
20.05.2018 - 14:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа