Прегазено четиригодишо детенце на булеварот „Борис Трајковски“
На булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје синоќа во 22 часот и 10 минути патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот Т.Р. од Скопје, удрило во четиригодишно дете.
Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесно во комплексот клиники „Мајка Тереза“–Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
22.05.2018 - 12:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа