Грција: Нарко дилери на плажа оставиле 830 килограми марихуана

 

Полицијата во Грција е во потрага по нарко дилери кои плажа на југот на земјата оставиле 830 килограми марихуана, пренесува Танјуг.

Дрогата е најдена во близина на плажа истанишниот град Килини, во регионот на Пелопонез, на околу 250 километри југозападно од Атина, се вели во соопштението на полицијата.

Пронајдени се 56 пакетчиња спакувана марихуана, додека пака полицијата истражува дали едно возило, најдено во близина, било користено од непознатите дилери.

Според грчката полицијата се уште не е  јасно дали дрогата била донесена до плажата по море или од таму требало да ја преземе некој брод и да ја префрли на друго место.

Добро спакуваната  марихуана  пронајдена е  по дојава.

Полицијата се уште ја нема наведено вредноста на запленетата дрога. 

13.09.2013 - 09:14
Фото: 
Евести

најчитано сега