Девојка нападната од куче скитник заврши на Клиника
Вчера во 10 часот и 30 минути во Полициската станица Кисела вода, 29- годишната О.Л од Скопје пријавила дека на 22 мај (вторник) била нападната од куче .
Имено околу 23 часот и 30 минути на булевар „Борис Трајковски“, додека возела велосипед, била нападната и касната од куче скитник за десната нога при што се здобила со видливи повреди кои и биле санирани во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се вели во полициското соопштение.
26.05.2018 - 14:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа