Три лица повредени во сообраќајка попладнево - од ударот оштетен семафор и електричен столб

 

Три лица се здобиле со повреди во сообарќајна несреќа на две возила што се случи денеска околу 11:20 часот на улица „Илинденска“, во Тетово.

Во сообраќајката кај крстосницата на Тетовскиот Универзитет учествувале автомобил „Рено меган“ со тетовски регистарки таблички управуван од 27-годишниот Ф.Б. од село Стримница и патничко моторно возило „Мерцедес“, управувано од 23-годишниот тетовец  A.A.

Од несреќата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, и сопатничката од Меганот, 27-годишната К.Б. исто така од Стримница.

Тројцата се наоѓаат во Тетовската клиничка болница.

Како последица на сударот меѓу возилата, оштетен е семафорот и електричен столб. 

 

 

 

26.05.2018 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега