Мртово момче најдено во близина на бензиска во Гостивар
Вчера во 19 часот и 05 минути во нива во близина на бензинската пумпа во Гостивар било пронајдено тело на починато машко лице.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и бил утврден идентитетот на лицето, се работи за 21- годишниот И.А од село Вруток, гостиварско.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.
27.05.2018 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа