Крвава семејна драма во Гостивар: Се скарале па со нож се прободел во стомакот

 

Вчера околу 16 часот и 15 минути на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, во куќата сопственост на С.С., дошло до несогласување во семејството.

Во еден момент синот на сопственикот,40- годишниот  Б.С со нож се прободел во делот на абдоменот, велат од МВР.

Неговите родители веднаш го однеле во Медицинскиот центар Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

27.05.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега