Соседите се жалеле на непријатна мизирзба: Маж пронајден мртов во Тетово

 

 Починато машко лице било пронајдено вчера во стан во Тетово, откако комшиите во полиција пријавиле дека од станот се ширела непријатна миризба.

Како што информираат од МВР, вчера во 10:20 часот во СВР Тетово, 45-годишниот С.О. од Тетово пријавил дека во стан на ул. „121“, каде живеел 75-годишниот Б.П. , во последните неколку дена се чувствувала непријатна миризба.

Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле починато машко лице. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, Јавен обвинител и лекар по судска медицина, при што била пронајдена патна исправа и здравствена книшка од сопственикот на станот Б.П.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

 

 

 

28.05.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега