Малолетно девојче од Охрид повредено при пад од мотор

 

Вчера попладне во 16 часот и 45 минути на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, со повреди се здобило малолетно девојче .

Имено 15-годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „Ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контрола над мопедот и со истиот се излизгалo по коловозот.

 Од падот девојчето се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.  

 

 

 

 

28.05.2018 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега