Драма во Радовиш: Полицаец се обидел да спречи тепачка, па му го земале пиштолот
Вчера околу 17 часот и 50 минути пред влезот на Полициската станица Радовиш настанала тепачка помеѓу В.Т. и Б.Ѓ., двајцата од Радовиш.
-Дежурниот полициски службеник се обидел да ги спречи, но во тој момент дошле и лицата Г.З и Т.С., исто така и двајцата од Радовиш, кои се вклучиле во пресметката. Полицискиот службеник издал наредба да престанат, но тие не го послушале. Во турканицата, В.Т. успеал да го земе службениот пиштол на полицискиот службеник и да се закани дека ќе го употреби, но полицискиот службеник успеал да му го земе пиштолот, се вели во дневниот билтен од МВР.
Учесниците во пресметката се приведени и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа