Страшна сообраќајка на патот кон Шутка: Едниот починал веднаш, другиот во болница

 

Во 19 часот и 40 минути во Скопје, на патот од Визбегово кон населбата Шуто Оризари, 48-годишниот С.Ш. управувајќи работна машина за сечење дрва, удрил во патничко моторно возило „Опел вектра“ со скопски регистерски таблици управувано од 57-годишниот М.Д.

Полицијата информира дека работната машина се превртела. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш. и неговиот сопатник Е.Ѓ. (58) и двајцата со возило на итната медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Е.Ѓ. набргу по пристигнувањето на клиниките починал, додека пак С.Ш. им подлегнал на повредите неколку часа подоцна.

Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје извршиле увид на местото на настанот. 

 

 

 

29.05.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега